Америка се прости од Барбара Буш

На погребот на поранешната прва дама Барбара Буш, која почина во вторникот на 92 годишна возраст, присуствуваа денеска првата дама Меланија Трамп ѝ поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон со своите сопруги.

Барбара Буш беше сопруга на 41 претседател на САД, Џорџ Буш и мајка на 43 претседател Џорџ Буш помладиот.

На погребот присуствуваа и официјални и поранешни лица од администрацијата на Буш, како и стотина собрани граѓани.

Претседателот на САД Доналд Трамп не беше присутен на погребот на поранешната прва дама, како што велат од Белата куќа поради почит.

Исто така е соопштено дека Трамп нема да се појави на погребот на Барбара Буш во петокот поради метежот кој би го предизвикало неговото обезбедување, пренесува Би-Би-Си.

Scroll to Top