Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

Аргентинскиот пливач Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон што се одржа вчера во водите на Охридското Езеро. Тој патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за време од 5 часа, 50 минути, 30 секунди и 5 стотинки.

„Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив“, рече Хернандес

Второпласиран на целта пристигна Франческо Гетини од Италија, а трет беше Евгениј Поп Ацев со време 05:21:03 часа. Веднаш зад него се пласраше и вториот учесник од нашата земја, Александар Илиевски.

Извор/Фото/Топспорт

Scroll to Top