Бизарната приказна за баба и 19-годишен внук од Италија се најде на насловните страници на бројни светски медиуми. 76-годишната Милина Гата и нејзиниот внук Џузепе Дана на социјалните мрежи глумеле љубовен пар.
Тие со објавите на социјалните мрежи глумеле пред илјадници следбеници, па дури и се снимале и фотографирале како си разменуваат бакнежи.
View this post on Instagram
Џузепе на крајот ја потврдил измамата во интервју за новинската агенција ЏемПрес.
И двајцата сакаале да се фотографираат, како што рече тој, и биле подготвени да позираат пред камера и не им било тешко да прикажуваат сцени како да се во голема љубов.
Пред да излезе вистината, некои коментатори биле загрижени бидејќи Милина Гата изгледала како да ја купува љубовта на младиот човек со раскошни подароци. Нивните следбеници во коментарите изразиле збунетост, згрозеност, шокираност и згрозеност.
View this post on Instagram
Кога признале дека се работи за шега, многумина го нападнале 19-годишникот и го обвиниле дека ја користел баба му само за да стекне популарност на социјалните мрежи.