Баба и внук глумеле дека се во врска за да бидат популарни на социјалните мрежи

Бизарната приказна за баба и 19-годишен внук од Италија се најде на насловните страници на бројни светски медиуми. 76-годишната Милина Гата и нејзиниот внук Џузепе Дана на социјалните мрежи глумеле љубовен пар.

Тие со објавите на социјалните мрежи глумеле пред илјадници следбеници, па дури и се снимале и фотографирале  како си разменуваат бакнежи.

Џузепе на крајот ја потврдил измамата во интервју за новинската агенција ЏемПрес.

И двајцата сакаале да се фотографираат, како што рече тој, и биле подготвени да позираат пред камера и не им било тешко да прикажуваат сцени како да се во голема љубов.

Пред да излезе вистината, некои коментатори биле загрижени бидејќи Милина Гата изгледала како да ја купува љубовта на младиот човек со раскошни подароци. Нивните следбеници во коментарите изразиле збунетост, згрозеност, шокираност и згрозеност.

Кога признале дека се работи за шега, многумина го нападнале 19-годишникот и го обвиниле дека ја користел баба му само за да стекне популарност на социјалните мрежи.

Scroll to Top