Маја Балова е штипјанка која ја има не само во нејзиниот матичен град, туку и во Скопје и во сите останати градови. Жена која сама по себе е бренд и сопственик на салон за убавина повеќе од 20 години и основач на првата интернационална академија Маја Балова Интернационал. Таа е и сопруга, мајка, но и успешна деловна жена која вредно работи и разубавува милион жени и магично успева да ги усогласи сите обврски кои ѝ ги носи денот.
Академијата „Маја Балова интернационал“ која е поддржана од Министерството за образование, а предводена од Маја Балова, веќе неколку години претставува еден од водечките центри за обука во областа на козметиката и убавината во Македонија. Она што ја издвојува е токму фактот што е поддржана од Министерството за образование, што дава дополнителна тежина и сигурност на дипломите што студентите ги добиваат.
Јавноста ве познава како успешна жена и едукатор во областа на убавината. Како започна вашата приказна?
-Сè започна од голема љубов кон козметиката и желбата да создадам нешто поголемо од обичен салон – место каде секоја девојка или жена што сонува да стане професионалец може да добие вистинска едукација и поддршка. Така ја основав Академијата „Маја Балова интернационал“ која денес е препознаена и поддржана од Министерството за образование – што за мене е огромна чест и доказ дека сме на вистинскиот пат.
Што ја издвојува вашата академија од другите?
-Прво, транспарентноста и квалитетот. Ние не нудиме само курсеви – нудиме целосни програми за едукација, кои се признаени и вреднуваат на пазарот на труд. Нашите студенти по завршувањето добиваат дипломи кои имаат официјална тежина. Второ, огромната палета на обуки: од класични козметички третмани, преку шминка, нокти, трајна шминка, до најсовремени естетски техники и апарати. Секој може да најде нешто за себе.
Што им порачувате на младите кои размислуваат дали да се запишат кај вас?
-Да веруваат во себе! Академијата не е само учење, туку е заедница каде што растеме заедно, се инспирираме и се поддржуваме. Нашата врата е отворена за сите – без разлика дали сакаат нова професија, усовршување или едноставно да ги следат трендовите во индустријата.
Каква е вашата визија за иднината?
-Мојата желба и заложба е „Маја Балова интернационале“ да стане уште поголем синоним за врвен квалитет во едукацијата во Македонија и пошироко. Со поддршка од институциите и довербата од студентите, верувам дека оваа визија секој ден станува реалност. Нашата мисија е да создадеме идни професионалци, а не само да понудиме кратки курсеви. Кај нас студентите добиваат целосни програми со современи методи и практична настава. Академијата нуди широка палета на обуки – од класични козметички третмани, шминка и нокти, до трајна шминка и естетски апаратурни процедури. Сакаме секој кој сонува за кариера во оваа индустрија да најде свое место кај нас. Ние сме заедница каде што се учи, се расте и се гради самодоверба.
Како ги менаџирате домашните и работните обврски?
– Имам многу помош од мојот сопруг кој ме подржува максимално во се‘ што правам , мојата фамилија и секако тимот кој стои зад мене .
Закажете го Вашиот термин во Академијата на Маја Балова на 078/ 240-869.