Банана торта која можете да ја направите за 15 минути

Подгответе брзо и лесно бана торта, за која ќе ви бидат потребни само 15 минути. За да ја подготвите потребни ви се 600 грама банани, 3 кесички шлаг во прав, 400 грама кекси по ваш избор, 100 милилитри млеко, 125 милилитри млеко, 2 кесички шлаг во прав, 50 грама бело чоколадо и 50 грама темно чоколадо.

Откако ќе ја подготвите тортата, треба да отстои во фрижидер 2 часа за да се стегне.

ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го млекото, кратко натопувајте ги биксвитите во него, една по една и редете ги во калап или плех со димензии 24х24 см. Во друг подлабок сад ставете ги излупените банани и со помош на виљушка испасирајте ги или користете блендер.

Во пирето од банани истурете три кесички шлаг пена во прав и добро измиксајте со електричен миксер додека смесата да стане кремозна и воздушеста. Ставете третина три-четири полни лажици од кремот врз подлогата од биксвити и рамномерно распоредете и израмнете.

Откако ќе го израмните филот, одозгора наредете уште еден ред биксвити, исто така, претходно по малку натопувани во млекото. Ставете повторно три-четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете ја површината. Наредете и трет слој бисквити.

Секоја бисквита кратко натопете ја во млекото за да омекне. Одозгора нанесете повторно три-четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете. Наредете четврти ред бисквити малку натопени во млеко, па целиот колач оставете го во фрижидер да се олади еден час.

За тоа време бисквитите ќе омекнат убаво, а кремот ќе се стегне. После тоа време изматете го шлагот за декорација од 125 мл ладно млеко и две кесички шлаг во прав. Обложете ја целата торта со шлагот, а одозгора декорирајте ја со по 50 г рендано темно и бело чоколадо.

Вака приготвената торта вратете ја во фрижидер да се олади уште еден час. За побрзо можете да ја ставите 15-тина минути во замрзнувач. После тоа време можете да ја пресечете и да ја послужите.

Scroll to Top