Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила, како да исчезна од јавноста, а рускиот претседател вешто ги крие и неговите ќерки и љубовници, пишуваат светските медиуми. Тој официјално се разведе од Људмила во 2014 година. Со неа беше 30 години во брак.
Година дена пред да се разделат во режирано интервју Путин рече дека повеќе не се заедно и дека разделбата бил логичен чекор. Заедно ги добија двете ќерки, Марија и Катерина, додека голем број од деталите за нивниот брачен живот за јавноста не се познати.
Затоа што ги држи во тајност, голем дел од руските граѓани не ни знаат како изгледаат. Јавноста веќе и ја има заборавено Људмила, која по разводот се повлече од јавниот живот. Тогаш се споменуваше дека причина за разводот била аферата која Путин ја имал со Алина Кабајева.
Познатата гимнастичарка беше во врска со Путин од пред 13 години, но и таа се повлече од јавноста откако почна да се зборува дека чекаат близнаци. Од гимнастиката Кабајева се повлече во 2005 година, откако 8 години ги помина во парламентот. Беше член на партијата на Путин.