Бојан Велевски: По барање на публиката, објавен уште еден датум за стендап финалето во Скопје

Актерот и стендап-комичар, Бојан Велевски ќе има и втор настап во Скопје во рамки на стнедап турнејата „Све ли ја да мислам “. Вели дека првиот термин се распродал во рекордно време па со неговиот тим одлучиле да објават и втор термин.

„Искрено, воодушевен сум од реакциите на публиката, особено интересот за настанот во Скопје, кој беше предвиден да се случи само на 18-ти ноември во Станица 26. Картите се продадоа во рекордно време, па заедно со мојот тим одлучивме за главниот град да објавиме уште еден датум“, рече Велевски.

Вториот термин за стендап-комедијата на Велевски е 19 ноември, исто така во „Станица 26“.

Scroll to Top