Секоја боја на облеката открива по нешто за вашиот карактер.
Црвената боја ја носат жените што сакаат да изгледаат самоуверено и сигурно. Оваа боја симболизира моќ и енергија.
Жолтата е боја на среќата и оптимизмот, а ја носат жените кога сакаат да се чувствуваат посреќно и позитивно.
Зелената боја асоцира на богатство. Таа смирува и релаксира.
Розовата боја симболизира нежност и романса, а ја носат жените што се вљубени или што се лесно заљубливи.
Сината боја означува смиреност и сигурност. Стилистите препорачуваат да се носи на интервјуа за работа, бидејќи делува позитивно на соговорникот.