Болничарка се обидела да ѝ помогне на тинејџерка која настрада во сообраќајка, од повредите не препознала дека е нејзина ќерка

Болничарка од Канада, Џејм Ериксон минатата недела се обидела да ѝ помогне на тинејџерка која настрада во сообраќајка, но не била свесна дека е во прашање ќерка ѝ. Не можела да ја препознае од повредите на главата, пренесе „Гардијан.

Кога на 15 ноември Ериксон стигнала на местото на несреќата во Алберта, ги забележала автомобилите и една од тинејџерките во нив која имала тешки повреди. Тогаш прво претпоставила дека на девојчето му нема спас. Половина час се обидувала да ја извлече од автомобилот и останала со неа додека не ја пренеле во блиската болница во Калгари. Кога ѝ завршила смената и стигнала дома, ја дочекале полицакци.

Тие и рекле дека нејзината 17 годишна ќерка Монтана била една од жртвите во сообраќајката. И објасниле дека поради тешките повреди, девојката била тргната од апаратот за одржување на живот.

„Тешко повредениот пациент на кого му помогнав беше моето единствено дете. Мојата малечка, мојата ќерка Монтана“, им рекла Ериксон на семејството и пријателите.

„Иако сум благодарна на 17 години кои ги поминав со неа, сепак сум тажна и се прашувам како би било кога би имала можност да пораснеш. Уништена сум. Скршена сум. Се чувствувам како дел од мене да недостига. Сега единствено ми преостанува да се обидам да ги соберам скршените делови од мојот живот и да продолжам понатаму“, рече Ериксон и додаде дека ќерка ѝ била прекрасна и вистински борец и дека се борела и на денот кога почина.

Нејзиниот пријател и колега болничар, Ричард Рид, исто така не можел да се соземе од загубата и неколку пати прекинувал за да се соземе додека им давал изјава за новинарите. Монтана во автомобилот била со уште две други тинејџерки кога се случила несреќата. Тие удриле во камион кој доаѓал од спротивен правец.

Возачот успеал да излезе, но Монтана останала заглавена. Ериксон била првата која стигнала на местото, а подоцна на сопругот му рекла дека е тажна затоа што мислела дека некое друго семејство веројатно ќе ја изгубат ќерката. По трагедијата семејството се согласило органите на Монтана да се донираат.

„Благодарение на Монтана досега се спасени два животи. Толку сме среќни што нашето девојче ќе продолжи да живее во други и што спаси други луѓе по оваа трагедија. Знаеме дека тоа е нешто што го сакаше и многу сме горди на неа. Ќе ни недостига многу“, рече Ериксон.

 

Scroll to Top