Брачен пар тужи популарен ресторан откако пронашле мртов стаорец во нивната чорба

Брачен пар го тужи популарниот ресторан „Гамеок“ во Корејатаун, откако пронашле мртов стаорец во нивната чорба за носење.

На ова реагирал и Здравствениот инспекторат во Њујорк со што го затвори овој популарен ресторан.

Меѓу другите наводни прекршувања, од инспекторатот пронашле измет од стаорци, храна која не била на соодветна температура и без обучен надзорник на лице место.

„Министерството за здравство го затвори „Гамеок“ на 15 март, по извршена инспекција“, рекол портпаролот на агенцијата.

Ресторанот, кој наводно работел без обновување на лиценцата, може повторно да се отвори доколку се поправат пријавените прекршоци и се платат сите казни.

Scroll to Top