Бразилска манекенка е новата девојка на Нејмар

Нејмар има нова девојка, пренесуваат бразилските медиуми. 30-годишната Бразилка Џесика Турини, е наводно новата љубов на славниот фудбалер. Турини е дигитална инфлуенсерка и манекенка, а големо внимание привлече на Светското првенство во Катар каде ги следеше натпреварите на бразилската фудбалска репрезентација.

Бразилката своите реакции на неговите голови ги снимила на трибините, а потоа ги споделила на социјалните мрежи. Објавила и видео како го бакнува фудбалски дрес потпишан од славниот фудбалер.

 

Инфлуенсерката се најде на листата на познати личности кои Нејмар ги покани на новогодишната прослава, а во Париз пристигна неколку дена пред дочекот и на својот Инстаграм профил објави фотографии во празнично издание. Таа се натпреварувала на изборот за Мис Еспирито Санто 2014. Родена во Сао Паоло. Покрај манекенството, работи и како менаџер во семејната компанија.

 

Scroll to Top