Британската старлета ги оперирала градите седумнаесет пати, нејзината мајка ја моли да престане

Британската старлета и поранешна реалити ѕвезда Кејти Прајс (43) е позната по своите големи гради кои ги оперирала дури 17 пати, а сега се огласила нејзината мајка Ејми (70) која операциите на нејзината ќерка ги нарече зависност, пишува „Сан“.

„Повеќето луѓе ја менуваат бојата на лакот или фризурата кога имаат лош ден или циклус, но не и Кејти. Таа го промени обликот на своето тело“, изјавила Ејми, мајката на старлетата.

Таа зборувала за борбите на нејзината ќерка во книгата „Последниот збор“ и објасни дека Кејти не се подложувала на операција за привлекување мажи, туку дека тоа е единствениот начин на кој чувствува дека го контролира своето тело.

Старлетата првата операција на градите ја направила на 21 година, а се проценува дека потрошила вкупно 130.000 фунти на пластични операции.

„Некои работи кои таа ги направи на себе не само што се апсурдни, туку и опасни. Најмногу ме болеше кога го оперираше убавото лице“, изјавила мајка и.

Да потсетиме, Кејти доживеа тешка траума во 2018 година кога група мажи во Јужноафриканската Република ја киднапираа и сексуално ја злоставуваа. После тоа долго време се бореше со депресија, за што зборуваше и нејзината мајка Ејми.

Scroll to Top