Брзи кифли со сирење

Одлично за секоја пригода.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 1 сув квасец
  • 1 лажичка прашок за пециво 
  • 1 белка од јајце 
  • 120 гр кисела павлака
  • 50 мл. масло
  • 100 мл млака вода

За полнење ви треба:

  • 200 гр фета сирење
  • 1 јајце плус 1 белка
  • 2 лажици кисела павлака

За обложување:

  • 1 жолчка
  • малку млеко
  • сусам

Подготовка: Брашното измешајте го со сувите состојки и убаво измешајте со лажица, додадете сè останато и ситно замесете ги состојките, убаво да се соединат. Подгответе плех обложен со хартија за печење. За филот сè убаво соединете, сирењето најдобро е да го издробите.

Поделете го тестото на два еднакви дела. Растегнето го во поголем круг и исечете го на осум триаголници. Во секој поширок дел ставете по една мала лажица фил и завиткајте го како кифлички. Направете го истото со другиот дел од тестото.

Премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко, посипете ги со сусам и ставете ги во ладна рерна. Вклучете на 200 степени и печете ги кифличките сè додека не добијат убава златна/кафеава боја.

Scroll to Top