Човек од Индија бил прогласен за мртов, па оживеал по осум месеци

Човек од Индија, кој бил прогласен за мртов, а потоа кремиран, се појавил жив и здрав осум месеци подоцна, оставајќи го своето семејство во шок.

Полицијата од градот Маргао во Гоа го пронашла Дипак Балакришнан Канди во хотел лоциран во стариот дел на градот. Потоа бил префрлен во притвор, каде што утврдиле за што всушност се работи. Полицијата сфатила дека телото кое било кремирано пред 8 месеци не е негово, пишува The Times of India и пренесува Daily Mail.

Полициски извори велат дека Дипак исчезнал на 7 јуни минатата година од градот Мепајур, кој се наоѓа во областа Керала и на околу 540 километри јужно од Маргао.

Во локалната полициска станица е поднесена пријава за исчезнато лице. Меѓутоа, на 17 јули, машко тело било пронајдено на плажа во Керала, погрешно идентификувано како Дипак.

Семејството на Дипак ги извршило последните обреди, но неколку дена подоцна, полицијата во Керала сфатила дека кремираното тело всушност му припаѓа на Иршад, човек кој исто така исчезнал.

ДНК тестот спроведен на примероци од останките на Дипак потврдиле дека имало промена на идентитетот, а потоа била извршена потрага.

Во вторникот, полицијата на градот Маргао била ангажирана во рутински надзор на хотелот. За време на случајната проверка на списокот на гости во хотелот, наишле на број Ахар – единствен идентификациски број што може доброволно да го добијат индиските граѓани и странските државјани. Токму тоа го издал идентитетот на Дипак.

Тој и рекол на полицијата дека патувал на различни места, вклучувајќи ги Џајпур, Делхи и Пенџаб, пред да стигне неодамна во Гоа.

Scroll to Top