Дали пилешката супа навистина помага при настинка?

Пилешката супа, со години сметана за домашен лек против настинка и грип, навистина може да помогне во побрзо закрепнување, покажуваат научни истражувања.

Според систематски преглед на повеќе студии, лицата кои консумирале супа закрепнувале и до два и пол дена побрзо, а симптомите како затнат нос, болки во грлото и замор биле поблаги. Кај дел од испитаниците биле забележани и пониски нивоа на воспалителни маркери во крвта, што укажува на послаб воспалителен одговор на организмот.

Експертите наведуваат дека топлината и течноста помагаат во хидратација и разредување на слузта, додека состојките како лук, кромид и ѓумбир имаат противвоспалително дејство.

Иако не е замена за терапија, пилешката супа, заедно со одмор и доволно течности, може да биде едноставен и ефикасен начин за ублажување на симптомите при настинка и грип.

Scroll to Top