Девојка од Сплит на коњ се појави на матура и стана хит

Девојка од Сплит ги изненади другарите и другарките од школо, откако на прославата за матура дојде на коњ. Девојката има завршено Уметничко школо, а пријателите рекоа дека дошла со стил и дека нема шанси да остане незапаметена во генерацијата. Нејзината фотографија со коњот за брзо стана хит.

„Ако не биде запаметена по нејзиниот долг елегантен црн фустан, тогаш сигурно ќе биде по превозот. Каква идеја, уште само ова го немавме видено. Баш кога човек ќе помисли дека има видено се и дека ништо повеќе не може да го изненади, се случува вакво нешто“, биле само некои од коментарите.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top