Џеф Безос заработи 5,5 милијарди долари во период на светска криза

By

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос заработи 5,5 милијарди долари во периодот од пандемијата со коронавирусот. Тој останува најбогатиот човек на светот, со 120 милијарди долари.

Безос од големата криза успеа да се спаси уште во февруари, кога продаде голем пакет од акциите на „Амазон“, вреден 3,4 милијарди долари. Тој се ослободи од акциите непосредно пред нивната цена да го достигне врвот на пазарот, а пред да биде прогласена пандемија поради коронавирусот.

На почетокот на март, светските берзи имаа вртоглав пад, нешто што Безос не го ни почувствува. Според последните информации, тој и понатаму е сопственик на 12% од „Амаон“, кмпанијата која ја основал во својата гаража, како онлајн продавница за книги.

Ќе ви се допадне