Донатела Версаче ги збуни луѓето со нова фотографија: „Успеа да ги поништи лошите операции?“

Италијанската дизајнерка Донатела Версаче објави неколку фотографии од премиерата на мјузиклот The Devil Wears Prada, по што предизвика многу луѓе да дискутираат на социјалните мрежи.

Имено, таа објави фотографија на која нејзиното лице изгледа мазно и блескаво, а многумина коментираа дека конечно нашла добар пластичен хирург и „успела да ги поништи лошите естетски зафати“.

Меѓутоа, набрзо се појавија и други фотографии од премиерата, па нејзините следбеници сфатија дека онаа што ја објави на Инстаграм најверојатно е монтирана во фотошоп.

„Која е сега вистинската Донатела?“, „Едвај можев да сфатам која е на фотографиите“, „Ако ова е дело на пластичен хирург, тој е бог“, беа само дел од коментарите на луѓето.

Потсетуваме, Донатела низ годините правеше бројни естетски зафати кои и го изобличија лицето и ја направија речиси непрепознатлива. Донатела започна со операции во 90-тите години, а по смртта на нејзиниот брат, познатиот дизајнер Џани, во 1997 година, нејзиниот изглед почна да се менува и призна дека редовно користи ботокс.

„Не верувам дека жената треба да биде сосема природна“, рече таа еднаш.

Scroll to Top