Драган Џаиќ избран за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија

Поранешниот југословенски фудбалер  Драган Џаиќ, кој најголем дел од својот живот го помина во дресот на Црвена Звезда, денеска беше избран за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

Присутните 78 делегати, му дадоа доверба на Џаиќ да го води ФСС во следните четири години.

„Чест ми е што ја добивам оваа шанса да го водам српскиот фудбал. Го прифатив предизвикот затоа што сметам дека со моето искуство и знаење ќе можам да помогнам. Мислам дека заедно ќе го кренеме српскиот фудбал на повисоко ниво“, кажа Џаиќ.

 

Scroll to Top