ЕЛ Џејмс, авторката на книгата „Педесет нијанси сиво“ најавува ново продолжение на книгата, четврто по ред. Книгата насловена „Потемно: педесет нијанси потемно, раскажано од Кристијан“ ќе се појави во книжарниците во САД и Британија на 28 ноември. Оваа вест авторката ја објави на својот Инстаграм профил.
„Главата на Кристијан е многу интересно место. Пишувајќи ја книгата и јас научив нешто за ликот на Кристијан Греј. Се надевам дека и читателите ќе уживаат во книгата како што уживав јас додека ја пишував“, напиша таа.
За сега не се знае дали и според оваа книга ќе се снима филм.