Фановите не се согласуваат со победата на Лорен на Евросонг, покренаа петиција за укинување на жирито

Фановите покренаа петиција за укинување на жирито на Евросонг. Досега се потпишани 5700 луѓе, а во објаснувањето стои дека веќе со години се расправа за гласовите и нагласено е дека жирито ѝ овозможило на Шведска победа, иако поголемиот дел од јавноста не се согласува со нивната одлука.

„Стручното жири ѝ овозможи победа на Шведска, резултатите се наместени“. Ова се некои од коментарите, откако Лорен победи на 67. издание на Евросонг.

„Долги години постои загриженост во врска со гласовите на жирито кои повремено значително се разликуваат од гласовите на јавноста. Освен тоа, перципирано е пристрасно гласање кон одредени земји“, стои во петицијата.

„За да го одржиме интегритетот на Евросонг ѝ ја осигураме нејзината инднина, предлагаме ревизија на процесот на гласање. Сметаме дека во интерес на натпреварувањето и учесниците е жирито да се тргне од процесот на гласање. Со ваквиот пристап јавноста ќе биде единствената детерминанта на исходот на натпреварот“, стои во петицијата.

Стручното жири гласаше само во финалето, а во полуфиналето беше исклучено по минатогодишниот скандал во Торино. За потсетување, организаторот на Евросонг, Европската радиодифузиска унија, минатата година ги поништи гласовите на жирито од вкупно шест земји:

Во гласањето на Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино, беа забележани неправилности за време на гласањето на Евросонг во Торино, а целата работа се сведе на тоа овие држави да се договорат за размена на гласовите.

Азербејџан, Романија и Црна Гора минатата година не ги вклучија објавите на гласовите во финалето. Рекоа дека нивните гласови се нерегуларни и одбиле да ги прочитаат бодовите кои им ги наметна ЕБУ.

 

 

 

 

 

Scroll to Top