Фелисити Хофман почна да ја служи затворската казна

Актерката Фелисити Хофман (56), најпозната по улогата на Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“, се пријави во федералниот затвор во Калифорнија. Таа таму треба да ја отслужи 14-дневната казна, што ја доби заради вмешаност во скандалот со потплаќање професори за уписи на факултет.

Актерката на суд призна дека во 2017 година платила 15.000 долари за да бидат исправени одговорите од испитот на нејзината ќерка. Хофман во затвор ја донел нејзиниот сопруг, актерот Вилијам Мејси.

Затворот во кој се пријавила Хофман, медиумите го опишуваат како затвор со ниско ниво на обезбедување, кој во 2009 година бил на листата на „Форбс“ на „десет најудобни затвори во Америка“. Глумицата ќе дели соба и тоалет со  уште три затворенички и ќе има пристап до теретана, библиотека и соба со телевизор.

Федерален суд во Бостон минатиот месец ја осуди Хафман на 14 дена затвор, казна од 30.000 долари и 250 часови општокорисна работа.

Scroll to Top