Флорида се подготвува за најсилниот ураган во последните 100 години

Флорида се подготвува за можна голема катастрофа, додека ураганот Ијан собира сила на Карибите. Ветровите го погодија јужниот брег на Куба вчера вечер и се очекува Ијан да удри во западниот брег на Флорида утре, а може да прерасне во ураган од четврта категорија, со ветрови до 225 километри на час, пренесува Би-би-си.

 „Точната патека на движењето на ураганот е неизвесна, ама ударот секако ќе биде широк“, рече Де Сантис, кој прогласи вонредна состојба во цела Флорида.

Жителите пак складираат храна, вода, лекови и гориво. Некои делови од Флорида цели 100 години не виделе ураган со ваква магнитуда. Според објавата на националниот центар за урагани, се очекува забрзано засилување на Ијан во следните 48 часа. Директни цели на ураганот може да бидат градовите Тампа и Сент Питерсбург, што не се случило од 1921 година.

Scroll to Top