Ако ова е Мел Гибсон, јас сум Бред Пит, фановите не веруваат дека холивудскиот глумец бил на ќебапи во Сараево

Деновиве на големо се зборува за Мел Гибсон и неговата посета во Сараево. Наводно глумецот бил во ресторанот на Сејо Брајловиќ, кој е познат по одличните ќебапи, а откако вработените објавија фотографија со него се јавија голем број скептици кои мислат дека тоа не е вистинскиот Мел Гибсон.

„Во друштво на најголемото лице на Холивуд. Со нас преговараше за снимање на акционен сет, а Сејо игра споредна улога. Ние останатите сме сепак статисти и акробати”, напишале тие под фотографијата.

Дали вработените во ресторанот биле измамени од некој што личи на Мел Гибсон или станува збор за шега или можеби реклама не е познато, но коментарите под фотографијата се урнебесни.

„Типов се најаде и напи за сите пари. Ако е ова Мел Гибсон, јас сум Бред Пит. Мел Гибсон од Фоча. Овој повеќе личи на Драган Дабиќ (маскиран Радован Караџиќ) него на Мел Гибсон“, коментираа некои од нив.

И покрај тоа што сопругата на Сеј0 Брајловиќ рече дека на фотографијата навистина е познатиот актер. некои од медиумите пренесоа дека кога била објавена фотографијата, Мел Гибсон бил виден во Лас Вегас.

 

 

 

Scroll to Top