(Фото) Американската војска разви технологија за гледање низ ѕидови

Војниците често се наоѓаат во безизлезни ситуации – особено е незгодно кога не може да видат што има зад некој ѕид, засолниште или возило, па мора да ги ризикуваат своите животи само за да ѕирнат и да откријат каде е непријателот.

Соединетите Американски Држави сакаат да го променат тоа со помош на новата технологија што ја развија.

Станува збор за технологија наречена Интегрејтед вижуал огментејшн систем (ИВАС), што се всушност очила што содржат комбинација од камера и сензори, благодарение на кои се проектира сликата на она што треба да се наоѓа зад некој ѕид, односно засолништето.

Војниците кои се наоѓаат во оклопно возило, на пример, користејќи го овој систем, нема да мора да излегуваат надвор за да видат што се случува, туку на екраните на своите паметни очила ќе може да го видат преносот од камерите поставени на возилото, а токму тие камери би можеле да гледаат зад агли.

Кога станува збор за оружјето (пушките, на пример), може да се постават термални камери, кои на војниците им овозможуваат да гледаат во мрак, а очилата би можеле да прикажуваат и дигитални мапи, што е особено корисно кога војниците се наоѓаат на непозната територија.

Пентагон смета дека оваа технологија ќе го сведе бројот на непотребни жртви на минимум, токму поради тоа што ќе ја зголеми ефикасноста на бојното поле, а планот е да се вложи 1,1 милијарда долари во ИВАС, со кој ќе биде опремена, пред сè, пешадијата на првата линија на фронтот.

Scroll to Top