(Фото) Бившиот на Бритни ги отфрли обвинувањата дека се обидел да ѝ ја спречи венчавката со Сем Асгари

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александар, рече дека не е виновен и ги отфрли сите обвинувања дека минатиот месец се обидел да ѝ ја спречи венчавката со Сем Асгари.

Високиот заменик обвинител изјави дека во вторникот Александер добил казнена пријава од Врховниот суд во округот Вентура, каде се јавил од затвор преку видеоповик.

Тој се изјаснил како невин по сите точки, вклучувајќи го и казненото дело за следење со претходна осуда за семејно насилство и три прекршочни точки за тежок прекршок, одбивање да напушти приватниот имот, вандализам и злоставување.

Неговото следно рочиште е закажано за 2 август, а доколку го прогласат за виновен може да добие казна и до пет години затвор.

Спирс и нејзиниот партнер Сем Асгари се венчаа на 9 јуни на интимна церемонија на нејзиниот луксузен имот пред неколку десетици поканети ѕевзди, меѓу кои и Селен Гомез, Парис Хилтон, Мадона и други. Алексадер тој ден се јавил во живот на Инстаграм пред нејзината куќа.

Рече дека отишол таму за да упадне на венчавката. Полицајците од округот Вентура реагирале тогаш на пријавата з аупад на таа адреса и го уапсиле 40 годишниот Александер. По апсењето, судијата му одредил кауција од 100.000 долари, а добил и забрана да ѝ се приближува на Бритни Спирс на најмалку 100 метри со времетраење од три години.

 

Scroll to Top