(Фото) Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас е во врска со бивша фудбалерка на Барса

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас има нова девојка, пренесоа тамошните медиуми. Славниот голман на Реал Мадрид откако раскина со новинарката Сара Карбонеро, сега е во врска со поранешната фудбалерка Марија Хозе Камчо. Пред Касиљас, беше омажена за играч на Барса.

Двајцата се сликани и излегоа на насловните страни на шпанскиот магазин Hello. Медиумите пренесоа дека тие се во врска веќе три месеци. Таа во октомври ќе го прослави 44 роденден, а во фудбалската кариера играше како напаѓач. Настапуваше за тимовите на Барселона и Малага.

Животот ѝ го одбележа семејната трагедија која ѝ се случи во мај минатата година. Нејзиниот тогашен сопруг, Франсес Арнау се самоуби на 46 години. Беше голман на Барселона, а телото му го најдоа крај пруга во Овиедо, каде работеше како спортски директор во клубот Реал Овиедо.

За потсетување, Марија има два сина тинејџери, а Касиљас од врската со Сара ги доби Мартина и Лукас. По разделбата, рекоа дека ќе продолжат заедно да ги одгледуваат.

Scroll to Top