(Фото) Oбјавени фотографии од несреќата во која загина комичарот и глумец Лесли Џордан

Комичарот и глумец Лесли Џордан, од серијата „Вил и Грејс“, загина вчера во сообраќајна несреќа. Медиумите пренесоа дека му се слошило и изгубил контрола на БМВ-то додека возел, па на крајот удрил во зграда во Лос Анџелес.

Според изјавите на некои од очевидците, починал на лице место. Во јавноста се објавени и фотографии по трагедијата. Автомобилот откако дошле полицијата и официјалните лица го оградија со жолта полициска лента. Лекарите се обиделе да го спасат, но безуспешно.

 

 

 

Scroll to Top