(Фото) Порнографија наместо статистика, интернет-страницата на британското Министерство за сообраќај преплавена со вулгарни содржини

На интернет-страницата на британското Министерство за сообраќај, наместо здодевни графикони и деловни планови, има експлицитна порнографија

Како што пренесуваат британските медиуми, интернет-страницата на Министерството, која главно служи за прикажување графикони, планови и статистики, неколку часа, наместо со табели, била преплавена со порнографски материјал.

Од Министерството било порачано дека станува збор за домен што Министерството повеќе не го користи, како и дека адресата на доменот сега е трајно избришана.

Засега не е јасно дали интернет-страницата била хакирана.

Ова не е првпат владините интернет-страници да бидат преплавени со содржина за возрасни. Во септември неколку станици на американската администрација биле хакирани и преплавени со реклами за „вијагра“ и со порнофилмови.

Scroll to Top