(Фото) Роденденска журка во двор за синот на Бали-бег и Неџла

Турскиот глумец  Бурак Озџевит и неговата сопруга Фахрие Евџан го прославија роденденот на синот Каран. Тој наполни две години, па актерите споделија фотографии од роденденската забава на синот.

„Нека ни бидат годините полни со радост, секогаш смеејќи се, цврсто прегрнати. Среќен роденден драг синко, напиша Фахрие која кај нас се прослави со улогата на Неџла.

Бурак и Фехрие веќе неколку години се во брак , а двојката постојано го привлекува вниманието на социјалните мрежи и во медиумите. Бурак, во мометов игра во турската хит серја „Осман Газија“, а неговата сопруга најави дека ќе се врати во нов проект, но се уште не почнала да снима.

 

Scroll to Top