Франција направи седум замени во финалето, иако се дозволени само пет во 90-те минути и една во продолжението

Дидије Дешамп во финалето против Аргентина направи седум замени, иако според правилата дозволени му се пет во 90-те минути од натпреварот и една во продолжението.

Сепак играчот од средниот ред на Франција, Адриен Рабиот влезе во историјата како првиот кој го искористи правилото од новиот протокол во кој е дозволена и седма замена ако се работи за удар во главата или потрес на мозокот.

Според ова правило на Дешамп му беше дозволено да ја искористи и седмата замена која ја направи во последните секунди од натпреварот и да го извади Жил Кунде за во игра да го стави Аксел Дисаси.

Рабиот во текот на натпреварот доби удар во главата и според правилото на тренерот му е дозволено да направи дополнителна замена ако се работи за потрес на мозокот.

За потсетување Франција го загуби финалето од Аргентина, по изведувањето пенали, откако регуларниот дел од мечот заврши 2:2. Во продолжението двете репрезентации дадоа уште по еден гол.

 

 

 

 

Scroll to Top