Фудбалерот Дани Алвеш уапсен за напад на жена во ноќен клуб во Барселона

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е уапсен во Барселона, а полицијата го испрашувала откако бил обвинет дека нападнал и вознемирувал жена во ноќен клуб. Фудбалерот заврши на суд, а шпанските медиуми пренесоа дека жената го обвинивала затоа што со раката ја допирал под фустанот.

Алвеш се бранеше дека станува збор за местенка.

„Не ја знам жената. Не ѝ го знам името ниту ја познавам. Ја немам видено никогаш во животот“, рече Алвеш, откако судот покрена истрага, а полицијата го приведе и однесе во просторија каде е испрашуван и каде дал официјална изјава.

Шпанските медиуми пренесоа дека нема да има било какви протекции и дека ќе мине низ истата постапка како и сите. Ќе го однесат со лисици и ќе му бидат земени отпечатоци од прстите и сè ќе биде по прописи, велат од судот.

„Човекот обвинет за инцидентот во ноќниот клуб во Барселона е уапсен, однесен на суд и службите ќе одлучуваат за понатамошните мерки“, соопштија службите.

Според неофицијални информации постојат и снимки од безбедносните камери на кои наводно се гледа Алвеш во тоалет во друштво на девојката. Таму се задржал помалку од мнута, а таа го повикала обезбедувањето и побарало од нив да реагираат.

Обезбедувањето ѝ искочило во пресрет, но тој веќе го напуштил клубот. За потсетување, Алвеш игра за мексиканскиот клуб Пумас и доби дозвола да оди во Шпанија на погребот на мајката на сопругата Џоана Санз.

„Испраќаме искрено сочувство до Џоана и нејзините најблиски во овие тешки моменти за нив“, пренесоа од клубот. Останува да се види што ќе одлучи судот и дали Алвеш ќе добие дозвола да се врати во Мексико.

 

Scroll to Top