Фустани за на црвениот килим од „Балман“

Оливие Рустенг, уметничкиот директор на модната компанија „Балман“, претстави нова мини-колекција од десет фустани. Сите тие, според него, може да се носат на црвениот килим. Всушност, идејата на компанијата била да промовираат фустани од високата мода пред сезоната на награди во Холивуд, па некој од нив да се најде на црвениот килим на доделувањето на Оскарите.

Колекцијата го носи името 4 François Premier, инспирирана е од работата на Пјер Балман, а називот на колекцијата е адресата каде што Балман го отворил своето прво ателје за висока мода во Париз.

Десетте фустани се опишани како гламурозна елеганција – длабоки деколтеа, кроеви што ја следат женската силуета дополнети со детали од пердуви, крзно и тул.

Scroll to Top