Ансамблот на Градскиот дувачки оркестар ќе го одржи традиционалниот преновогодишен концерт во салата 25 Мај во МКЦ.
На програмата ќе бидат изведени делата A Christmas festival – L. Anderson, Forever and ever – arr. Х. Еминовиќ, Final count down – J.Tempest, What a wonderful World – arr. R.Stitzel и други.
Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес Градскиот дувачки орекестар има настапувано на сите значајни културни манифестации во Скопје и низ другите градови во државата.
Влезот на концертот кој ќе започне во 19 часот и 30 минути е бесплатен.