Холандската полиција уапсила маж на чија возачка дозвола го имало името на Борис Џонсон

Холандската полиција уапсила маж под сомнение дека возел под дејство на алкохол, и открила дека има возачка дозвола со името Борис Џонсон.

Лажниот документ содржел слика на поранешниот премиер, како и датум на раѓање, 19 јуни 1964 година. А возачката важела до декември 3000 година.

Портпаролот на полицијата изјавил дека автомобилот удрил во столб во близина на мост во северниот град Гронинген во неделата нешто по полноќ. Полицајците го нашле автомобилот напуштен, но подоцна го виделе возачот како стои на мостот.

„Лицето не можеше да се идентификува и одби да се подложи на алкотест“, изјавил портпаролот на полицијата Тијс Дамстра за новинската агенција АФП.

„Полицијата ја пронајде лажната возачка дозвола на Борис Џонсон во автомобилот. Колку што знаеме, вистинскиот Борис Џонсон во тоа време не бил во Холандија“, изјавиле од полицијата.

Агенцијата пренесува дека 35-годишниот маж кој е уапсен е од градот Зуидхорн, западно од Гронинген.

Поранешен руски дописник кој работи за холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС рекол дека таквите лажни дозволи може да се купат во туристички продавници во Украина.

Scroll to Top