Холанѓанец доби судска забрана да донира сперма, оти веќе има над 500 деца низ светот

Холанѓанецот Џонатан Мајер доби судска забрана да донира сперма, оти веќе има над 500 деца низ светот. Ваквата одлука ја донесе судот кој му нареди на 41 годишниот Холанѓанец повеќе да не дава сперма на клиниките, во спротивно ќе биде казнет со парична казна од 100.000 евра, за секој пат кога ќе донирал.

Судот, го обврза да ги извести клиниките во странство и да побара од нив да ја уништат секоја негова семена течност што ја имаат на залиха, освен дозите резервирани за родители кои веќе имале деца од него.

Случајот со Џонатан заврши на суд, откако Фондацијата која ги застапува интересите на децата донари и холандски родители кои го користеле Мајер како донатор, побарале да му се забрани повеќе да не донира од неговата сперма. Тврдат дека донациите го прекршиле правото на приватен живот на неговите деца.

Неговите деца донатори, во иднина можат да формираат романтични врски па се ризикува да настане случаен инцест и блискост. За масовните донации на Мајер за првпат се дозна во 2017 и му беше забрането да донира во холандските клиники за плодност, каде што веќе имаше над 100 деца.

Сепак, тој продолжил да донира во странство, вклучително и во данската банка за сперма „Криос“ која работи на меѓународно ниво. Според медиумите, Мајер, исто така, продолжил да се нуди како донатор на сајтови за потенцијални родители со донатори на сперма, понекогаш користејќи друго име.

Scroll to Top