Овен
Вие сте во одлично расположение и форма. Ниту оптимизмот не ви недостига, па благодарение на сето тоа постигнувате се. Заедничките активности со партнерот ќе ви го разубават денот. Со својата енергија влијаете на колегите. Јадете поздраво.
Бик
Бидете внимателни кога се во прашање тајните. Една навидум мала лага може да создаде голем проблем, дури и ако е нешто од далечното минато. Покажете ги вашите чувства, емоции, па дури и гнев доколку е потребно. Проценката е многу важна денес. Не избрзувајте со одлуките. Стабилно здравје.
Близнаци
Би можеле да решите некои големи сомнежи кои сте ги имале со предлог на блиска личност. Не ги добивате одговорите што ги очекувате и станувате сомнителни. Вредни сте, ве очекуваат важни зделки. Претежно стабилно здравје.
Рак
Обидете се да си ја олесните моменталната ситуација со тоа што нема да ја покажете нервозата што ја чувствувате. Држете се на растојание ако се чувствувате несигурно. Лошото расположение на другите луѓе лошо влијае на вас и на вашата работа. Проблеми со стомакот.
Лав
Се чини дека околината бара или очекува постојано да се жртвувате и да се истакнувате. Денеска не ви е така. Имате тенденција да го промените вашето расположение, но и да не бидете целосно искрени. Информациите што ги добивате можеби не се сигурни. Пазете се од едно машко лице со кое имате контакт на работа. Проблеми со синусите.
Девица
Финансиската ситуација не е совршена, но можете да бидете мирни бидејќи навистина не пропуштате ништо важно. Она што долго време го посакувате ќе ви се оствари. Потребна ви е поддршка и ако си го признаете тоа ќе ви биде многу полесно. Можна алергија.
Вага
Многу е важно, особено за постарите Ваги, да не се прејадуваат во овој период бидејќи поради тоа би можеле да имаат здравствени проблеми. Посветете му се на партнерот што е можно повеќе. Не сте фокусирани. Не замислувајте ги симптомите.
Шкорпија
Не сте на место, нервозни сте… Ви недостасува темпото на кое сте навикнати. Дали навистина нема ништо во што би уживале?! Имате впечаток дека партнерот ви наметнува некои работи и дека не е најискрен со вас. Се ќе биде добро, само без нервоза и избрзани постапки. Главно добро здравје.
Стрелец
Ви пречи физичката оддалеченост од некои блиски луѓе. Вие функционирате на поинаков начин од порано. Можен контакт со многу интересна личност преку работа. Вистинските резултати сè уште ве чекаат. Се чувствувате растргнато и преуморно.
Јарец
Очигледен е падот на вашата енергија, на кој не сте навикнати ниту вие, ниту околината. Главата горе драги Јарци. Слободните луѓе имаат можност да стапат во контакт со личност со која одамна не се слушнале. Она што би функционирало добро за вас е да покажете солидарност со вашите колеги. Мали стомачни проблеми.
Водолија
Доколку денес наидете на пречки, не паничете и претерувајте со нервозата. Сето тоа е минливо… Можна авантура. Внимавајте ако сте во сериозна врска. Состојбата се подобрува, особено кај оние на кои не им оди во претходниот период. Проблеми со забите или непцата.
Риби
Сè што се очекува и бара од вас, прво проверете внимателно. Денеска не донесувајте одлуки набрзина…Новото познанство може да внесе свежина во вашиот живот, но не очекувајте премногу од тоа. Можни се мали проблеми поврзани со документацијата. Претежно стабилно здравје.