Овен
Иако на прв поглед немате видливи причини за да се чувствувате добро, сепак, убавото расположение ви внесува дополнителен мир. Се занимавате со работи кои ви претставуваат вистинско задоволство. За промена изгледате многу толерантно кон околината.
Бик
Сè што ќе биде предмет на ваше интересирање, ќе вложите максимален напор. Многу претставници родени во овој знак ќе посакаат да почувствуваат голема страст за која веќе долго сонуваат. Развојот на настаните ќе ве доведе до ситуација во која пак ќе се повторат истите грешки.
Близнаци
Полека се подготвувате за да стапите во акција. Тремата која случајно ќе ви се појави е резултат на немоќта да го видите крајниот исход на настаните. Наместо да чувствувате страв, обидете се да се олабавите и да уживате во сопствените резултати.
Рак
Се чувствувате одлично. Затоа имате во план да отпатувате некаде или да очекувате пријатна посета од странство. Во секој случај, која страна да ја одберете ќе излезе позитивно за вас, па логично нема во ниту еден момент да почувствувате досада. Работата и дружењето ќе мора добро да ги испланирате.
Лав
Ситуацијата налага од вас да се приспособите на новите услови. Доколку тоа ви појде од рака, нема да се појават никакви проблеми. Во спротивно, ќе може да биде нарушено и онака нежното здравје. Новата љубов е на повидок, а тоа се’ ќе промени кај вас.
Девица
Ниту еден план не оди со очекуваната реализација. Изненадувањата ги сакате, но во онаа мера кога не ви штетат или предизвикуваат негативно расположение. Водолијата настојува да ви излезе во пресрет во врска со работата. Немате време за размислување. Спонтано и во вистински момент ќе направите правилен потег или ќе донесете конечна одлука.
Вага
Менталното здравје ви е доведено во прашање, така што вам ви одговара повеќе да планирате и мечтаете отколку да работите. Тоа би можело да предизвика намалување на виталните функции, но не очајувајте. Остварувате успешен контакт со лице од странство. Незадоволни сте со опкружувањето. Повеќе давате отколку што примате.
Скорпија
Вооружете се со позитивна енергија, бидејќи во најскоро време ќе ви биде потребна. На тој начин ќе може да му се радувате на животот и да ги вкусите благодатите кои ви претстојат. За се’ во животот ви е потребна златна средина, затоа научете да бидете умерени.
Стрелец
Полни сте со енергија, но за жал не ја трошите на најдобар начин. Поради тоа се можни здравствени проблеми во вид на нервоза или повреда. Најдобро е да покажете каде се наоѓате и дали правилно постапувате. Доколку го правите тоа, резултатите ќе бидат видливи. Во спротивно, прашајте се колку сте објективни спрема себеси.
Јарец
Фантастично се чувствувате, убаво изгледате, среќни сте и задоволни. Бидејќи убавината доаѓа однатре, причината за тоа е во разрешувањето на проблемите со личноста. Сега повеќе не сте во дилема. Знаете кон што да се стремите во иднина и веројатно во таа насока ќе дејствувате.
Водолија
Непромислените одлуки можат да ви го искомплицираат животот. Добро би било објективно да ја процените моменталната ситуација и сопствените можности, бидејќи секој непромислен потег води кон ризик. Внимателно однесувајте се за да избегнете непријатно искуство со униформирани лица. Со некои лица непотребно ги затегнувате односите.
Риби
На некои риби можно е да им се случи фатална љубов, а на некои здравствени проблеми од хормонална природа. Пронаоѓањето идеален партнер би можело да ве чини многу, зашто прашањето е колку сте идеални. Можностите се едно, а соновите нешто сосема друго.