Хороскоп за 22 февруари: флерт за Бикот, успешен работен ден за Ракот

Овен
Не се вознемирувајте и лутете поради претходните настани. Почнете да го живеете својот живот без да се потпирате на никого. Љубов: денес само слушајте и многу работи ќе ви станат појасни. Партнерот менува мислење како чорапи. Работа: наместо само да барате едноставни одговори, дојдете до вистинското срце на проблемот. Здравје: добро.

Бик
Обврските ви се натрупуваат и не ви е лесно да држите се под своја контрола денес. Најмногу би сакале да седите настрана и да гледате како другите работат. Љубов: добар ден е за флерт, но не очекувајте ништо друго. Работа: ќе ја добиете потребната поддршка и ќе бидете задоволни со неа. Здравје: би сакале што е можно повеќе физичка активност.

Близнаци
Имате впечаток дека сите ве притискаат и дека обврските ве превземале, дека сметките се натрупале. Љубов: чувствувате притисок од партнерот и вашето незадоволство ќе ескалира. Работа: парите што ги добивате се заработени со напорна работа и труд. Здравје: склони сте на алергии.

Рак
Денес е најдобро да се воздржите од секаква избрзана реакција. Не се разочарувајте од нечии одлуки. Љубов: партнерот е подготвен за промени, но не на начинот на кој вие сакате. Работа: успех, но со компромиси. Здравје: проблем со видот.

Лав
Свртете се кон она што ве прави среќни и не дозволувајте другите да ве исцедат и да ве наполнат со негативна енергија. Љубов: вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Работа: не го условувајте вашето расположение со успеси, бидејќи секое одложување може да биде сериозен поттик за пад на енергијата. Здравје: проблеми со кожата.

Девица
Не ја продлабочувајте кризата во која западнавте. Станете и обидете се да си го подобрите овој и секој втор ден. Љубов: со партнерот може да биде топло и ладно, што ќе ве полуди. Работа: не размислувајте со туѓа глава. Здравје: потребен ви е одмор.

Вага
Ќе разрешите некои сомнежи, но нема да бидете целосно сигурни кој е на наша страна, а кој ви кажува некои работи за своја корист. Љубов: вие сте оптоварени, а саканата личност не ве разбира. Работа: пред вас се некои нови предизвици. Здравје: можни проблеми со синусите.

Шкорпија
Се стремите кон слобода, но вистината е дека сте осамени. Не знаете ни што сакате, кого сакате и како да продолжите понатаму. Љубов: погрешно го протолкувавте вниманието на една личност. Работа: некој би можел да ви се довери, но всушност само ве испрашува. Здравје: некои од припадниците на знакот во наредниот период ќе имаат проблеми со забите.

Стрелец
Решивте повеќе да не го криете своето незадоволство и сериозно да разговарате со блиски луѓе за иднината. Љубов: доста ви е од компликациите кои доаѓаат со вашата врска веќе подолго време. Работа: можно е денес да имате повеќе работа и повеќе енергија за работа, па овој ден ќе помине активно и успешно. Здравје: мали стомачни проблеми.

Јарец
Прилично сте несигурни за се, вклучително и за себе. Донесувањето нови одлуки би можело да ви биде потешко во наредниот период. Љубов: наскоро ќе имате можност да започнете љубовна врска. Работа: деловните обврски ви носат голем стрес. Здравје: грижете се за вашите бубрези.

Водолија
Сомневајте се дека нешто се случува зад вашиот грб, а тоа е само ваш внатрешен немир. Не ги обвинувајте луѓето околу вас. Љубов: ви се допаѓа една личност со која имате деловен или некако формален однос. Размислете добро дали тоа воопшто би ве одвело во вистинската насока. Работа: едноставно ќе ги решите проблемите кои се појавуваат. Здравје: пијте повеќе течности.

Риби
Ви треба малку време за да ги решите дилемите што ги имате и слободно исклучете ги другите луѓе од тоа. Одлуката треба да биде само ваша. Љубов: не го добивте тоа што го очекувавте и се ладите кон партнерот. Работа: подгответе се за повеќе работа. Здравје: мали проблеми со забите.

Scroll to Top