Хороскоп за 29 јули: Бикот се чувствува загрозено, Водолијата ја мачи нетрпение

Бик
Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Во овој период, многу од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, која е резултат на промените кои се на хоризонтот, над кои немате контрола.

Близнаци
Ве очекуваат непријатни вести. Ова може целосно да ги расипе не само вашите дневни планови, туку и вашите неделни планови. Вашата посветеност на новонастант проблем може да предизвика превиди и грешки. Бидете внимателни, исклучително е важно да бидете фокусирани денес.

Рак
Не го добивте очекуваниот одговор за работата која толку многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте вести кои ќе ја подгреат надежта дека не е се готово. Ви претстои сериозен разговор и најдобро е навреме да се подготвите темелно.

Лав
Имате волја да го решите семејниот метеж кој стана комплициран. Ако работите ги сведете на остра реалност, ќе бидете задоволни со постигнатите резултати, особено ако излезете од сенката и јасно ги ставите работите таму каде што им е местото.

Девица
Исполнети сте со добро расположение така што малку губите реална слика за можностите пред вас. Големите планови и амбиции можат да бидат запрени со неочекувано неповолни одлуки на некои луѓе кои уште во почетокот го исклучуваат вашето мислење.

Вага
Денот го обележуваат несакани промени на емотивен план. Веројатно причина за се е безопасна дискусија која се претворила во тепачка. Вашата сакана личност е, во овој момент, потврдоглава од вас, па затоа советот е да не си играте за се да не се претвори во трајно раскинување.

Шкорпија
Ова е важен ден за вас. Ви се отвора можност да ја завршите целата работа што сте ја започнале, а навечер очекувајте вести за нешто што одамна сте престанале да го чекате. Реагирајте брзо, инаку нешто големо може да ви помине пред нос.

Стрелец
Се обидувате да ги решите проблемите кои воопшто не се решливи. Тоа значи дека непотребно трошите енергија и вложувате време во нешто што не постои. Саканата личност не ги разбира вашите емотивни испади, па затоа е подобро да ги оставите сериозните дискусии за друг ден.

Јарец
Се наѕира почеток на нова фаза во вашиот љубовен живот. Малку здив на нова енергија ќе биде доволен за да го подобрите односот помеѓу вас и вашата сакана. Слободните имаат шанса да започнат романса која може да биде долготрајна.

Водолија
Ве мачи нетрпеливост, станувате неподносливо напнати. Ве очекуваат новости од кои зависи планот на следните активности. Не се работи само за денес, туку на некој начин, се работи за она што одредува по кој пат ќе тргнете на долг рок.

Риби
Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе ве изненадат неповолни детали кои не сте ги разбрале на време. Најдобро е да ги намалите трошоците на минимум и да воведете краткорочни остри заштеди.

Scroll to Top