Хороскоп за 3 април: пари за девицата, добра деловна понуда за рибите

Овен
Денеска ќе запознаете многу нови луѓе и многу ви е лесно да разговарате со нив, но внимавајте да не ги прелиете сите ваши деловни фрустрации. Најдете време да размислите што ве спречува да ги остварите вашите амбиции. Партнерот ви дава поддршка во се, побарајте совет доколку ви треба.

Бик
Некои работи кои толку многу се трудевте да ги скриете од другите, би можеле да излезат на виделина денес. Ова не е толку лошо бидејќи ќе сфатите дека некои работи сте ги чувале во тајност без причина и ќе ја добиете поддршката од околината. Покажете му на партнерот повеќе од вашите чувства, работете на комуникацијата.

Близнаци
Инаку сте многу дружељубиви и комуникативни, што е особено видливо денес. Но, има и потреба од „подлабоко закопување“, т.е. да не се прават обични, површни разговори. Денеска ви се лепат пари, можна е финансиска добивка.

Рак
Ќе се најдете во неочекувана ситуација, но работите сепак ќе одат во ваша корист. Загрижени сте за потенцијален конфликт на работното место, но ќе го избегнете со тоа што нема да им ги наметнете ставовите на колегите. Работете на зајакнување на имунитетот.

Лав
Поминете колку што можете повеќе време надвор, денес или планирајте пократко патување доколку имате можност. Добро организирајте се бидејќи имате многу обврски и погрижете се да не оставите ништо за последен момент. Почестете се со нешто што долго време сакате да го купите.

Девица
Очекувајте пријатно изненадување кога се парите во прашање, без разлика дали станува збор за покачување или сосема неочекувана добивка. Малку сте збунети од односот со партнерот, како да не сте сигурни што сака од вас, но единствен начин да го решите тоа е отворен разговор. Слободно, не идеализирајте некој што ви се допаѓа премногу.

Вага
Имате многу обврски, но се чини дека свесно ги игнорирате и се фокусирате само на дружење. Во ред е да направите кратка пауза од работата, но внимавајте потоа да не наталожите обврски. Бидете потрпеливи со партнерот.

Шкорпија
Пред вас е одличен ден, Шкорпии. Сакате сè да биде совршено направено до најмалите детали и многу сте посветени на својата работа, која нема да помине незабележано. Ако се јавите на некој што не сте го виделе долго време, ќе ви го разубави денот.

Стрелец
Денес само сакате да се забавувате и да се согласувате со се што звучи забавно. Добар ден е за парични добивки, можете да се испробате и во коцкање. Слободно, на некој собир би можеле да сретнете личност која ќе ви го заврти умот.

Јарец
Почувствителни сте од вообичаено, особено на семејните настани, каде ве очекуваат многу позитивни работи. Само се трудите да бидете јасни во комуникацијата, за да нема непотребни недоразбирања. Исто така, внимавајте што зборувате за да не повредите некого ненамерно.

Водолија
Неочекуван повик од личност која долго време не сте ја виделе ќе ви го разубави денот. Слободни, главата ви е во облаци поради случајна средба со странец. Не инвестирајте пари во било кој ризичен бизнис бидејќи лесно може да бидете изманипулирани.

Риби
Некој познаник или пријател би можел да ви даде добра деловна понуда, на која треба да размислите. Не го занемарувајте партнерот поради обврските и обидете се да имате повеќе разбирање за неговите потреби. Одете на стоматолог превентивно.

 

Scroll to Top