Хороскоп за 5 март: слободните бикови ќе запознаат нова љубов, девиците на пат ќе сретнат идеално друштво

Овен
Денес е ваш ден за одмор и направете се за да ви биде забавно. Можеби вашиот партнер не е најдобро расположен, но не дозволувајте тоа да влијае на вас. Денеска нема прејадување.

Бик
Голем број припадници на знакот ќе имаат впечаток дека сè се заговарало против нив. Полека и ова ќе помине. Слободните припадници на знакот имаат големи шанси да ја запознаат љубовта на својот живот.

Близнаци
Добри вести доаѓаат и ќе започне многу подобар период за вас. Партнерот може да биде иритиран од некои настани кои воопшто не му се допаѓаат. Поминувајте повеќе време надвор.

Рак
Денес нема нови случувања и нема надеж да ги добиете вестите што ги очекувате. Пријателите би можеле да ви ги разубават моментите ако им дозволите.

Лав
Лавовите би морале да поработат на својот оптимизам. Почнаа да потемнуваат и привлекуваат негативна енергија. Партнерот има свои планови и тие веќе не се строго врзани за вас. Хранете се поздраво и грижете се повеќе за вашето здравје.

Девица
Оние кои денеска се на пат имаат големи шанси да се најдат во многу интересно друштво. Во наредните денови некој од тоа општество може да се истакне на многу посебен начин. Минимизирајте ги пороците.

Вага
Размислете да започнете нешто ново, но самостојно. Не влегувајте во никакви партнерства кога станува збор за бизнис. Некој близок има некои свои проблеми и најдобро би било да не го испровоцирате денес.

Шкорпија
Минатото може да затропа на вашата врата и да ви донесе некои нови моменти. Додека некои ќе бидат среќни и задоволни од вестите, други може да почувствуваат некаков страв поради неизвесноста.

Стрелец
Премногу сте паметни таму каде што не треба. Некој може погрешно да ги разбере зборовите што ги кажувате. Партнерот се сомнева во вашите зборови и ќе бидете проверени. Можни се стомачни проблеми.

Јарец
Кога некој ќе ве погледне од страна, би рекол дека сте многу среќна личност, но во себе криете неизмерна тага поради нешто што не сте го исполниле. Кога станува збор за здравјето, многу е важно да се опуштите.

Водолија
Оние кои денеска се одмораат од работа нека си дозволат долга прошетка или некоја забава која ќе ги опушти. Не ја одбивате поканата на пријател.

Риби
Денот може да започне како и секој друг, но на вас е да го исполните со убави работи. Бидете таа личност денес која ги прави другите среќни, бидејќи така ќе се усреќите и самите себе. Грижете се повеќе за себе.

Scroll to Top