Хороскоп за 6 февруари: љубов за Девицата, Овенот не е задоволен од работата

Овен
Сега сте под голем притисок и чувствувате дека воопшто не уживате. Полека доаѓа време малку да забавите. Љубов: со саканата личност имате проблеми и недоразбирања кои ве следат се почесто. Работа: не сте задоволни од ситуацијата. Здравје: можна главоболка.

Бик
Ќе дадете се од себе за да напредувате што е можно побрзо. Ќе направите се за да дојдете до нови контакти, но можеби сè нема да биде како што сте замислиле. Љубов: страста што ќе ја чувствувате би можела да ве мотивира да работите на вашиот изглед. Работа: комуникацијата со вашите блиски соработници станува тешка. Здрваје: проверете го вашиот крвен притисок.

Близнаци
Избегнувајте да реагирате од каква било суета и обидете се да прифатите добронамерна критика. Ако се однесувате поинаку, ќе изгледате лошо во очите на оние кои ви значат. Љубов: страста што ја чувствувате доаѓа најмногу од самите длабочини на вашата душа. Работа: во наредниот период ќе имате некои сомнежи на ова поле. Здравје: мали проблеми со грлото.

Рак
Во наредниот период доаѓаат кај вас промени, некои од нив нема да ви се допаднат веднаш, дури подоцна ќе сфатите дека тоа е добро за вас. Љубов: имате многу расправии, несогласувања во наредниот период. Равота: доаѓа вистинското време за промени. Здравје: проблеми со синусите.

Лав
Можно е да бидете склони да преземате некои ризици прилично непромислено. Бидете сигурни, во која област од вашиот живот има потреба од поправка, ќе биде тешко. Љубов: употребете ја вашата фантазија во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа, но не претерувајте, бидејќи тој може да ве смета за пофалба. Работа: ви треба време за одмор, затоа слободното време искористете го за забава, а не за размислување за работа. Здравје: може да бидете вознемирени.

Девица
Пред вас е период во кој ќе размислувате за промени бидејќи не сте задоволни од ситуацијата во која се наоѓате. Љубов: судбината ви оди во прилог кога е во прашање љубовното поле: Работа: можеби некој ќе ви постави цели, но вие не сте сигурни дали сте дораснати. Здравје: флуктуирачки крвен притисок.

Вага
Ви треба многу време за да ги преболите настаните од минатото, но зарем не мислите дека малку претерувате и дека голем дел од тоа самите сте предизвикале. Љубов: многу лоша комуникација со саканата личност. Работа: ситуацијата се вжештува. Здравје: чувствителни сте.

Шкорпија
Доаѓа период кога ќе бидете подготвени за подрастични промени кои ќе ве шокираат. Љубов: не дозволувајте другите да влијаат на вашата емотивна врска, решете со партнерот што имате. Работа: ви се чини дека сè оди полека. Здравје: гадење.

Стрелец
Новото познанство кај вас буди чувство на ентузијазам и надеж, но гледајте на ситуацијата реално и овој пат гледајте само на сопствениот интерес. Љубов: време е да се разоткрие. Не избегнувајте да разговарате со вашата сакана личност. Работа: барателите на работа не треба да пропуштат можности поради некои ситници. Здравје: проблеми со стомакот.

Јарец
Напнатоста и нервозата можат целосно да ви го уништат денот. Не сте ни сигурни што ве води во очај. Љубов: малите работи ве исфрлаат од синхронизација, па реагирате многу бурно. Работа: некој може да ве одбие за помош или совет што го барате. Здравје: променлив крвен притисок.

Водолија
Денеска се можни некои расправии и нетрпеливост со околината, воздржете се малку и се ќе успее. Љубов:
чувствата ви се измешани. Особено за оние кои се во подолги врски. Тие можат да имаат различни искушенија. Работа: ако работите со хартии, внимавајте нешто да не се помрдне или да не се изгуби. Здравје: стабилно.

Риби
Можеби ќе ве нервираат некои луѓе од кои всушност зависи вашата ситуација. Бидете мирни и тактични во контактот со нив. Љубов: личноста која ви се допаѓа може да ве избегне. Работа: можете да правите планови, но не е вистинско време да ги спроведете во дело, особено не денес. Здравје: бидете внимателни со алкохолот или кој било друг порок.

Scroll to Top