Хрват освоил 250.000 евра на лото со помош на бројките од регистрацијата

By

Играч од Дубровник освоил 250.000 евра на Лото, со помош на бројките од регистрацијата. Се обложил на дополнителна игра „Џокер“ и освоил вкупно 1.835.763.90 куни или околу 250.000 евра, а бројките кои ги играл вели дека ги добил од неговата регистрација на автомобил.

dobivaj vesti na viber

„Играм веќе 40 години и мораше еднаш да ми се исплати. Некогаш играм Лото 7 и Лото 6, но нема шанси да го прескокнам колото „Еуроџекпот“, со кое ја одбирам и дополнителната игра Џокер, а токму таа ми донесе среќа“, рече добитникот, кој откри дека бројките од регистрацијата на автомобилот му биле среќни.

„Еднаш се загледав во мојата регистрација на автомобилот, па почнав да собирам, да одземам, да множам и да делам и така дојдов до бројките кои ги изиграв“, додаде тој.

Друг добитник по име Јадранко Гилја, на втората шанса освои милион куни, односно околу 130.000 евра.

„Играм само „Еуроџекпот“, на кој освоив добивка од 10 евра и си помислив дека повторно треба да вложам нешто ситно. Одлуката падна на Лото 7 иако никогаш претходно во животот ја немам играно оваа игра, ниту пак слушнав дека недобитното ливче ќе учествува во Втора шанса“, рече Гија, кој објасни дека бил на работа кога добил повик од Хрватската лотарија.

„Ми се јави една госоѓа и ми рече да дојдам да го свртам колото. Но, затоа што бев на работа, реков дека немам време за шпрдафон“, рече тој.

Трет играч во играта на „Се или ништо“ освои 600.000 куни односно околу 80.000 евра.

„Дојдов повторно на продажното место и реков дека не сум освоил ништо, а продавачот ме погледна чудно и ме праша зошто сум дошол ако не сум освоил и дали сакам нешто повторно да одиграм“, рече играчот.

„Сè ќе поделам затоа што добро со добро се враќа. Така живеам целиот живот и нема смисла сега кога ги минав осумдесетите да ги менувам навиките“, додаде тој.

Извор/Дневник.хр

 

Ќе ви се допадне