Хрватите го прекрстија ќебапот, на „Твитер“ ги мајтапт за новиот термин

Загрепскиот ресторан „Инста фуд“ пред неколку дена го промовира својот најнов специјалитет мљевеници, кои, меѓу другото, се познати во светот како ќебапи, пренесуваат хрватските медиуми.

„Мљевениците ќе се состојат од свинско и говедско месо во сооднос во кој преовладува говедското месо, но свинското филе ќе даде доволно маснотии за да го направи мљевеникот доста сочен“, вели сопственикот на ресторанот, Домагој Делач.

Иако замислата на Хрватите биле да направат нешто пооинакво од соседните босански ќебапи, сепак твитерџиите решија да се пошегуваат со нив.

„Се оствари милениумски сон! Мљевеник, а не ќебап!“, „Дали плескавицата сега е мљевеница?“, „Ако ќебапот во Хрватска е мљевеник (од мелено месо), тогаш ’раженчето нека биде нанижник“, „А бурекот – штрукли со месо“, се дел од коментарите на „Твитер“.

Засега само овој ресторан го користи овој хрватски термин за ќебапи, но можно е да ги привлече и другите конкуренти да почнат со користење на овој збор.

Scroll to Top