Идеални дестинации за одмор во Хрватска ако не сакате гужви

Доколку сакате да ги избегнувате гужви на плажа, американскиот магазин за патувања „Travel of Path“ ги препорачува овие шест локации во Хрватска.

Ако не сакате гужви на одмор, секогаш можете да изберете помалку познати локации. Меѓутоа, доколку сакате да ја истражувате околината покрај одморот, тогаш треба да посетите некои од овие локации во Хрватска.

Шибеник
Шибеник е опишан како град кој потсетува на Сплит и Дубровник, но без гужви. Има богата историја, која може да се види шетајќи низ камените улици и средновековната архитектура. Посебно се истакнува катедралата Свети Џејмс која е на листата на УНЕСКО.

Зларин
Зларин е помал остров кој се наоѓа во близина на Шибеник. Долг е шест километри и има плажи со камчиња. Се вели дека овoj остров е идеалen за пливање, кајак, нуркање и сурфање. Локалните барови нудат одличен поглед на бродовите кои пловат по морето.

Стар град
Стар Град се наоѓа на северот на Хвар, кој е познат по голем број туристи. Сепак, Стар град не е толку посетен во споредба со остатокот од островот. Оваа локација е една од најстарите во Европа и има богата историја.

Паг
Островот Паг е опишан како идеално место за луѓе кои сакаат да истражуваат необични пејзажи, бидејќи има огромни пространства со пуста почва, но и бројни песочни и камчести плажи. Идеален е за одмор, но и за истражување на историјата, бидејќи на овој остров се наоѓаат и урнатините на францискански манастир.

Силба
Силба е остров каде што нема автомобили или хотели. Има само станови. Годишно има околу 2.570 сончеви часови, а покрај плажите и морето, можете да ја посетите и таканаречената Кула на љубовта, која е изградена во 1872 година. Тие особено истакнуваат дека овој остров е идеален за љубителите на нуркањето.

Scroll to Top