Иранец со 65,24 сантиметри е најнизок човек во светот

Според Гинисовата книга на рекорди, 20-годишниот Афшин Есмаил Гадерзадех е прогласен за најнискиот човек на светот бидејќи е висок само 65,24 см.

Претходниот рекорд за најнизок човек гп држеше Едвард Нињо Хернандез од Богота, Колумбија, кој беше висок 72,1 см. Афшин е роден во село во округот Букан, провинцијата Западен Азербејџан, во Иран, и животот не му бил секогаш лесен.

Куќата во која живее е скромна иако неговото семејство работи напорно, за да обезбеди доволно за трошоците за живот.

„Самото размислување да се биде во друштво на луѓе кои држат Гинисови рекорди е како сон. Понекогаш не ми се верува. Тоа е како да се разбудите следниот ден и целиот свет сега знае кој сте. Магично е. Ми се допаѓа вниманието што го добивам од луѓето. Затоа се чувствувам посебно. Мојот сон е да можам да им помогнам на моите родители. Ова глобално признание би можело да ми помогне да го постигнам“, изјавил Афшин.

Не можел да оди на училиште, па Афшин не знае добро да чита или пишува, иако е воодушевен што неодамна научил да го пишува своето име. Тој бил задоволен и што неодамна добил телефон од пријател, што му овозможило повеќе да се поврзува со други луѓе.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој е многу отворен и пријателски настроен и затоа е многу популарен меѓу локалното население во неговото село. Афшин не може да патува сам во селото и секогаш е придружуван од еден од неговите родители. Иако всушност може да оди, понекогаш повеќе сака да го носат.

Главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди Крег Глендеј и официјалниот судија Канзи Ел Дефруи биле присутни на денот на мерењето заедно со др. Бинду Девараџан.

Мерењата биле направени три пати на денот на верификацијата, што покажала точна рекордна висина, пишува Дејли Стар.

„Со само 65,24 см, тој не само што го надмина постоечкиот рекорд, туку е и еден од најниските луѓе што некогаш ја држел оваа титула“, изјавил Крег Глендеј.

 

Scroll to Top