Иранска шахистка настапи без хиџаб, по турнирот – ѝ се заканија дека ќе ја убијат

Иранската шахистка Сара Кадем, доби предупредување да не се враќа повеќе во Иран, откако на меѓународниот турнир во Казахстан настапи без хиџаб.

Таа пристигнала во Шпанија и не планира повеќе да се браќа во Иран.

Извор близок до шахистката изјавил дека веднаш по настапот без хиџаб, Кадем била повикана од разни луѓе и ја предупредиле да не се враќа во Иран. Други луѓе, според истиот извор, ја повикале да се врати, ветувајќи и дека ќе ја заштитат.

Поканите од Иран ги натераа организаторите на шаховскиот турнир во Алмати да и обезбедат полициска заштита на Сара Кадем. Таа имала телохранители пред нејзината хотелска соба за време на турнирот.

Истиот извор додал дека родителите и роднините на дваесет и петгодишната шахистка кои живеат во Иран добиле закани. Иран беше зафатен од бран демонстрации по смртта на курдската девојка Махса Амини, која почина на 16 септември во притвор на иранската полиција за морал, каде што беше приведена поради неправилно носење хиџаб.

Демонстрантите во Иран протестираа и против задолжителното носење хиџаб, а некои од жените дури и го запалија хиџабот. Многу ирански спортистки кои се натпреваруваат во странство изразија солидарност со протестите појавувајќи се во јавноста без хиџаб.

 

Scroll to Top