Ирскиот фудбалер О’Конор доби милион евра на лото

22-годишниот ирски фудбалер Кевин О`Конор, дефанзивец на англискиот второлигаш „Престон“, освоил милион евра на новогодишна лотарија. Тој наградата ја добил играјќи на Националната лотарија на Ирска. Добитниот лоз му го купил неговиот вујко како подарок за Божик. О’Конор не ни знаел дека е добитник.

„Мајка ми ми побара да го фотографирам ливчето, оти победникот бил од нашиот крај. Не ни помислив дека сум ја добил премијата“, изјавил О’Конор за британските медиуми.

О’Конор во „Престон“ настапува за неделен надоместок од 15.000 евра. Претходно играл за „Корк сити“ и за „Ватерфорд“.

Scroll to Top